Без голови на полуфиналните плеј-оф натпревари за место во Премиер лигата

Првите полуфиналните плеј-оф натпревари за пласман во Премиер лига, меѓу тимовите кои се пласираа од третото до шестото место во Чемпиоиншип, Норич – Лидс и Вест Бромвич Албион (ВБА) – Саутемптон завршија без голови, 0:0.

Така одлуката за финалистите за последното, 20. место што води во елитата, во Премиер лигата, следната сезона ќе падне по реваншите закажани за неделава.

Во четврток ќе играат Лидс – Норич, а во петок Саутемптон – ВБА. Победниците ќе се сретнат во финалето на Вембли, на 26 мај. По лигашкиот дел од Чемпионшип, директна промоција во Премиер лигата обезбедија Лестер и Ипсвич.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО