Премиерлигашот Брентфорд ќе се продава за 400 милиони фунти?

Сопственикот на Премиерлигашот, Брентфорд, Метју Бенам, сака да го продава клубот, делумно или во форма на контролен пакет акции. Првите проценки се дека Брентфорд вреди повеќе од 400 милиони фунти.

Скај њуз објави дека Бенам е во процес на ажурирање на понудите за инвестирање во клубот, а формалниот процес се очекува да започне наскоро.

Портпаролот на Брентфорд неодамна изјави дека е „природно, а можеби дури и суштинско“ клубот да ја истражи можноста за нови инвестиции. Се очекува американски инвеститори да бидат најзаинтересирани за клубот.

Бенам ја презеде целосната сопственост над Брентфорд во 2012 година и останува да се види дали ќе избере да продаде малцински или мнозински пакет акции.

Во Премиер лигата, Арсенал, Астон вила, Бурнмут, Барнли, Челси, Кристал палас, Фулам, Ливерпул и Манчестер јунајтед се во целосна или во делумна сопственост на американски инвеститори или компании.

Ако Брентфорд прифати американски инвестиции, би станал 10-от актуелен Премиерлигаш што го сторил тоа.

Брентфорд е во Премиер лигата од 2021 година и оттогаш забележа импресивен напредок. Во првата сезона тимот на Томас Франк заврши на 13-то место, а  во минатата на деветтото. Брентфорд моментално е на 14-то место, со пет бода над зоната за испаѓање.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО