Пред мечот со Германија – селекторот Кире Лазаров се реши за една промена

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, направи една измена во составот за денешната пресметка против домаќинот Германија во 2. коло од групната фаза на ЕП.

Секоја селекција која е дел од ЕП има право на промена во составите, а овој пат Лазаров се одлучи дека на местото на Давид Савревски, треба да го вметне во составот Игор Ѓорѓиев.

Репрезентацијата на Македонија за овој меч ќе настапи со Никола Митревски, Едвид Омерагиќ, Мартин Томовски, Марко Митев, Филип Талески, Жарко Пешевски, Мартин Велковски, Никола Костески, Игор Ѓорѓиев, Иван Џонов, Милан Лазаревски, Петар Атанасијевиќ, Томислав Јагуриновски, Филип Кузмановски, Ненад Костески и Никола Маркоски.

Натпреварот се игра од 20:20 вечерва.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО