Манчестер Јунајтед два пати водеше – но не победи на Олд Трафорд

Во доста интересен натпревар на Олд Трафорд, домаќинот Манчестер Јунајтед, кој во два наврати водеше против Тотенхем, не успеа да победи, натпреварот заврши 2:2.

Домаќините поведоа уште во раната фаза од натпреварот, во 3. минута, кога младиот Хојлунд беше најумешен и атрактивно ја затресе мрежата на гостите за почетно водство.

Но нивното водство не траеше долго, бидејки во 19. минута Ришарлисон им носи изедначување на гостите по едно невнимание на „црвените ѓаволи“.

Пред самиот крај на полувремето, Јунајтед повторно доаѓа до предност, овој пат стрелец на голот е Маркус Рашфорд, кој е далеку од посакуваната форма, но овој гол дефинитивно ќе го врати на посакуваната патека.

Во вториот дел, на самото отварање, Бентакур ја користи конфузноставо одбраната на домаќините и постигнува гол за 2:2. До крајот на средбата и двете екипи имаа свои шанси, но голови повеќе немаше.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО