Последниот танц на Германците: После овие две легенди нема веќе да биде ништо исто

Тони Крос и Марко Ројс си заминуваат од Реал Мадрид односно од Борусија Дортмунд. Едни од најголемите германски фудбалери на сите времиња ги нашуштаат своите тимови. Крос заминува во фудбалска пензија, Ројс си оди од Борусија Дортмунд.

Крос си замина со уште еден пехар во Лигата на шампионите, Марко Ројс, можеби еден од најмалерозните фудбалери на денешницата, не успеа во 12 години да ја освои Бундеслигата, а сега загуби второ финале во Лигата на шампионите, откако во 2013 играше и против Баерн Минхен.

Ројс најверојатно ќе замине во САД и таму ќе ја продолжи кариерата, додека Крос после ЕВРО 2024 оди во пензија. Вчера Крос во финалето имаше асистенција за првиот гол, откако нафрли од корнер кон Карвахал кој стрелаше во 75. минута за водство, а потоа Винициус стави точка на победата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО