Терзиќ: Реал има убиствен инстинкт и затоа освојува титули

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, зборуваше по поразот од Реал Мадрид со 2-0 во финалето на Лигата на шампионите. Според него, „милионерите“ со своето издание заслужија многу повеќе од пораз.

„Одигравме одличен натпревар и можеби заслуживме нешто повеќе. Особено во првото полувреме почувствувавме дека го имаме тоа во себе и можеме да победиме. Покажавме дека имаме верба. Направивме толку многу работи како што треба и единствената разлика е што тие имаа убиствен инстинкт. Тогаш тоа го покажува квалитетот што го имаат и затоа заслужуваат повторно да бидат шампиони“, изјави Терзиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО