Погачар практично ja обезбеди третата титула на Тур де Франс

Словенечкиот велосипедист, Тадеј Погачар (ОАЕ Емирати) доминира на годинашниот Тур де Франс. Тој вчера и завчера „врза“ две победи по ред, на тешките планински етапи(на 14-та и на 15-та), на Пиринеите, против директните ривали за конечен тримф, Јонас Вињегард од Данска и Ремко Евенепоел од Белгија.

На шест етапи до крајот на трката (денеска е слободен ден) Погачар ја зголеми предноста во генералниот пласман на 3,09 минути пред Вињегард, односно на 5,19 минути пред Евенепоел.

Погачар (25) има три етапни победи на годинашниот, 111-ти Тур, вкупно 14, и е на добар пат по трет пат да триумфира (2010 и 2021-та).

Тој во недела, на крајот од трката во Ница, би можел да стане првиот велосипедист во 21. век кој во иста година победува на Џиро д’Италија и на Тур де Франс. Последен кој успеал да ја освои „двојката“ беше Италијанецот, Марко Пантани во 1998 година.

Со таков подвиг во кариерата можат да се пофалат уште Италијанецот Фаусто Копи (1949 и 1952), Французите Жак Анкетил (1964) и Бернар Ино (1982 и 1985), Белгиецот Еди Меркс (1970, 1971 и 1974), Ирецот Стивен Роуч (1987) и Шпанецот Мигел Индураин (1992 и 1993-та).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО