Новинарите имаа само едно прашање за Саутгејт, овој порача: Сега не е најдобар момент!

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, беше топ тема за новинарите по загубеното финале синоќа од Шпанија.

Англија конечно се надеваше дека ќе го прекине повеќе деценискиот пост од било каква голема титула, но ете, тоа не им појде од нога синоќа.

Новинарите кои се собраа во микс зоната по натпреварот, повеќето од нив го прашуваа Саутгејт дали смета дека е време за оставка од селекторската позиција, а овој одговори:

– Мислам дека сега не е вистински момент за тоа, ќе морам да разговарам со вистинските луѓе на таа тема, порача Саутгејт.

На прашањето дали Шпанија сепак беше најдобриот тим на турнирот, Саутгејт, даде потврдено одговор:

– Да, тие беа најдобрата екипа на турнирот, заслужено го освоија трофејот. Ние имавме големи шанси за изедначување, но не успеавме, мора да се носиме со овој голем неуспех, се надополни Герет Саутгејт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО