Почина легендарниот Бил Волтон

Легендарниот центар, член на Куќата на славните, е роден на 5 ноември 1952 година во Калифорнија. За време на неговата колеџ кариера играше за Универзитетот Ју-Си-Ел-Еј.

Бил Волтон пристигна во Портланд Трејл Блејзерс како прв пик на драфтот во 1974 година. Во текот на кариерата играше за Портланд, Лос Анџелес Клиперс, Бостон Селтикс.

Тој беше двократен шампион НЦАА шампион и двократен шампион во НБА (по една титула освои со Портланд и Бостон).

Волтон беше МВП на финалната серија во 1977 година во дресот на Портланд.

Двапати учествуваше на Ол-стар натпреварите, освои многу индивидуални награди, беше најдобар шести играч во НБА, најдобар во скокови и блокади.

Својата НБА кариера ја заврши со просек од 13,3 поени, 10,5 скока и 3,4 асистенции по натпревар

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО