НБА плеј-оф: Бостон е во големото финале, ќе игра за рекордната 18-та титула

Кошаркарите на Бостон селтикс се првите финалисти во НБА лигата. Тие ноќеска четврти пат по ред ја совладаа Индијана пејсерс во конференциското финале на Истокот, со 105:102.

Бостон по втор пат во последните три години, вкупно23-ти пат во клупската историја се пласира во големото финале во кое ќе игра за 18-та, рекордна титула против подоброт од финалната серија на Западот, Далас маверикс – Минесота тимбервулфс (во моментов е 3:0 за Далас).

Селтикс до славјето во Индијанаполис дојде со пресврт во последната четвртина во која на неполни шест минути до крајот беше на -8 поени. Во последните три и пол минути беа постигнати само седум поени, со кои Бостон од 98:102 дојде до триумф.

Најпрвин Џејсон Тејтум со забивање намали на 100:102, потоа Џејлен Браун постигна поени за изедначување на 2,40 минути до крајот, по што Дерик Вајт даде тројка на 45 секунди до крајот за конечни 105:102. Индијана имаше шанса да израмни, но Ендрју Нембхард ја промаши тројката.

Браун беше најдобар стрелец на натпреварот со 29 поени, плус шест асистенции. Тејтум даде 26 поени, 13 скока и осум асистенции за финалистите.

Во последниот натпревар од сезоната за Пејсерс се истакнаа Нембхард со 24 поени и 10 асистенции и Паскал Сијакам кој даде 19 коша, со 10 скока.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО