По инцидент, се огласи и Ѓоковиќ и ја разјасни целата ситуација

По несаката сцена синоќа во Рим, кога Новак Ѓоковиќ беше удрен со шише во глава и му беше укажана медицинска помош, се огласи и ја разјасни недоумицата.

Организаторот по несаканиот момент се огласи и потврди дека српскиот тенисер е добар и дека неговата ситуација не е загрижувачка, па истото го направи и Новак Ѓоковиќ.

– Ви благодарам за пораките, ова беше несреќа, јас сум добро, одмарам во хотел со ладни облоги. Се гледаме во недела, порача Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер имал длабока расекотина на главата, која веднаш била санирана, но воопшто не била наивна како што се претпоставуваше. Шишето несреќно испадна од ранец на навивач кој се наведна да побара автограм од српскиот тенисер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО