Денвер врати еден брејк – успеа да преживее и да се врати во игра (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер победија против Минесота на гостински терен со резултат 117:90 и ја намалија предноста на Тимберволвс во полуфиналната серија на 2:1.

По двата неочекувани порази, но пред се заслужени, на потег беше Денвер, кој сега го врати првиот брејк, со што само најавува ревносна борба во четвртиот натпревар за егал ситуација.

Очигледно дека кошаркарите на Денвер беа расположени за докажување, па успеаја во првиот обид. Тоа се виде уште во првата четвртина, која ја добија гостите со 31:20, додека втората ја добија со +20, односно 45:25.

Минесота успеа некако да се консолидира во третиот дел, но Денвер и понатаму беше константен и во последната четвртина погодуваше од скоро секоја позиција, за враќање на еден брејк во серијата.

Јокиќ учествуваше во победата на неговите со 24 поени, 14 скокви и девет асистенции, една му недостасуваше за трипл-дабл учинок.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО