Перез и следните две години ќе вози за Ред Бул

Серхио Перез ќе продолжи да вози за тимот на Ред Бул. Шампионите во Формула 1 потврдија дека возачот потпишал двегодишен договор и ќе остане во тимот најмалку до крајот на 2026 година.

34-годишниот Мексиканец се трка заедно со Макс Верстапен од сезоната 2021 година. Минатата година Чеко за првпат во кариерата стана вицешампион, а во тековниот шампионат е на петтото место.

И покрај бројните шпекулации за негово заминување, сепак Ред Бул успеа да го премисли да остане во болидот и во следните две сезони.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО