Пеп: Да беше до парите, Манчестер јунајтед требаше да ги освои сите титули!

Манчестер сити вечерва, од 21 часот, ќе му гостува на Тотенхем во 34. коло од Премиер лигата. Сити моментално е втор, со бод зад Арсенал и потребна му е победа за да се искачи на првото место. Тотенхем е петти и најверојатно ќе остане на таа позиција, бидејќи моментално заостанува пет бода зад Астон вила.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола пред натпреварот зборуваше за медиумите за тоа дали доминацијата на Сити е здодевна и објасни дека парите не се единствената причина за успесите на Сити.

– Здодевно? Нe е, вие знаете што се случуваше претходно? Ако беше до парите, Манчестер јунајтед требаше да ги освои сите титули. Сите. Втор? Челси. Сите титули. Трет? Арсенал. Сите титули. Тие потрошија повеќе пари од нас во последните пет сезони. Тие требаше да се таму кај што сме ние. А не се…

Тој потоа додаде: „Од истата причина, Џирона не треба да биде во Лигата на шампиони следната сезона. И Лестер никогаш не требаше да ја освои Премиер лигата“, додаде Гвардиола.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО