(ФОТО) Камила Џорџи експресно се пензионира, и ја снема!

Поранешната италијанска тенисерка, Камила Џорџи има проблеми со даночните власти. Неодамна, на 7 мај Џорџи експресно се пензионираше, а како што пишува „Ла Газета дело Спорт“  властите не можат да ја најдат за да решат некои несогласувања околу даноците!

Камила Џорџи (32) во кариерата само од турнирските награди има заработено шест милиони евра, а нејзиното семејство заборавило тоа да го пријави кај даночните власти!

Камила наводно никој не може да ја најде, а нема информации каде се нејзината мајка Клаудија, таткото Серхио и браќата Амадеус и Леандро.

Камила неодамна им се обрати на своите симпатизери преку Инстаграм и најави дека се пензионира.

„За повеќе вести, следете ја мојата страница на Инстаграм. Сè што излегува во јавноста е лажно. Има толку многу неточни информации за моите планови. Со нетрпение очекувам да споделам со вас информации за тоа што е следно“, напиша Камила на Инстаграм, каде што ја следат 740.000 луѓе кои уживаат во нејзините фотографии.


Камила, која работи и како модел последните индиции водат до Сан Диего. Можно е да заминала и во Аргентина, земјата на нејзиниот татко, пишуваат Италијанците.

Покрај властите, до Италијанката се обидела да стигне и ВТА, но безуспешно. Новинарите на „Газета“ се обидоа да дојдат до некого од нејзината модна компанија „Џиомила“, но никој не одговарал на телефонските повици или на електронската пошта.

Интересно е тоа што семејството Џорџи не поседува ништо во Италија. Тие немаат ниту недвижен имот ниту други работи во нивна сопственост. Сè било изнајмено!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО