Овен: Англија треба да го земе Палмер на Евро 2024

Легендата на англискиот фудбал, Мајкл Овен во интервју зборуваше за изборот на играчи кои селекторот на Англија треба да ги понесе на ЕП ова лето. Овен особено беше дециден кои напаѓачи треба да бидат вклучени во составот на англиската фудбалска репрезентација.

– Да требаше да бирам токму сега, би го ставил Кол Палмер во тимот на Англија наместо Букајо Сака. Мислам дека формата и квалитетот на Палмер не може да се игнорираат. Сега е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата. Тој дури би можел да стане играч на годината, можеби и да ја освои Златната копачка, а игра во тим кој доживува сериозни проблеми, вели Овен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО