ПОТВРДЕНО: Тиаго Силва е нов фудбалер на Флуминензе

Флуминенсе објави дека 39-годишниот централен бек Тиаго Силва, кој моментално е играч на Челзи, се враќа во клубот. Претстојното лето на бразилскиот фудбалер му истекува договорот со „сините“ и веќе е јасно дека тој ќе ја напушти Европа.

-Повторно дома. Чудовиштето се врати“, напишаа Флуминенсе на социјалната мрежа Х.

Искусниот бразилски фудбалер настапуваше за сениорскиот тим на Флуминензе од 2006 до 2009 година. Во овој период одигра 97 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна девет гола и четири асистенции. Сезонава 39-годишниот дефанзивец учествуваше на 35 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и една асистенција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО