Олмо: Не е само Мбапе, Франција има многу ѕвезди

Фудбалерот на Шпанија, Дани Олмо, пред утрешниот меч со селекцијата на Франција во последниот елиминациски филтер на Европското првенство, вели дека противникот има врвен квалитет на сите позиции.

– Франција очекувано стигна до тука. Нивните индивидуални технички вештини треба да се земат в предвид. Ние имаме добра динамика – потенцираше Олмо.

– Мбапе е играчот кој ја прави разликата и мораме да бидеме внимателни. Сепак тука се и Дембеле, Гризман, Канте, треба да се обрне внимание на сите напаѓачи – нагласи играчот на Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО