Лунин и неговите агенти ќе преговараат со луѓето од Реал

Жорге Мендеш кој му е агент задолжен за трансфери на голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин, набрзо треба да оствари средба со челниците на „кралевите“.

Истата доаѓа по најавите дека Украинецот сака да си замине од шпанскиот состав бидејќи договорот ќе му истече во наредното лето. Тој не крие дека не е задоволен од статусот на резервен голман по враќањето на Тибо Куртоа иако во поголемиот дел од претходната сезона имаше одлична минутажа.

Во исто време, Реал сака да го задржи голманот и да му го продолжи договорот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО