Њу Орлеанс има „фобија“ од Букер: На секој меч им дава над 50 коша!

Ѕвездата на Феникс санс, Девин Букер постигна 52 поени со рекордни осум тројки во кариерата, во победата над Њу Орлеанс со 124:111.

Покрај рекордот по бројот на постигнати тројки, Букер собори уште еден рекорд. Тој стана првиот НБА играч, по Вилт Чембрлен, кој постигнал 50 или повеќе поени на три последователни натпревари против истиот противник.

Букер даде 52 коша во победата над Пеликанс, на 19 јануари, а на 12 декември 2022-та постигна 58. На последниот меч тој уште еднаш потврди дека исклучително му „лежат“ натпреварите против тимот од Луизијана.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО