Ова е веројатно потврдата од Обрадовиќ до „Гробари“: Потпишав!

Главната тема сезонава во Партизан, не е дали клубот ќе се најде во завршницата од плеј-офот во Евролигата, туку дали Жељко Обрадовиќ ќе потпише нов договор.

Ако се суди по вечерашните гестикулации упатени кон навивачите од страна на Жељко Обрадовиќ, можно е тој веќе да има потпишано нов договор.

Имено, пред мечот со Басконија вечерва, целосната сала едногласно скандираше дека посакуваат нов договор за Жељко Обрадовиќ.

Шефот на стручниот штаб на Партизан се осврна кон трибините и се обиде веројатно да симулира одредена порака, односно дека на таблите кои ги користи за координација и стратегија со играчите, се потпишуваше, алудирајки на тоа дека веројатно работата е завршена околу новиот договор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО