Никола Јокиќ ќе игра за Србија во Париз!

Љубителите на кошарката во Србија денеска слават. Никола Јокиќ летово ќе игра на Олимписките игри (ОИ) во Париз е информацијата што ја потврди Кошаркарската федерација на Србија (КГС) откако селекторот Светислав Пешиќ пред почетокот на подготовките објави список од 16 кандидати за репрезентацијата.

Тоа се: Василије Мициќ, Алексеј Покушевски, Богдан Богдановиќ, Никола Јовиќ, Никола Јокиќ, Владимир Лучиќ, Марко Гудуриќ, Вања Маринковиќ, Огњен Добриќ, Филип Петрушев, Никола Милутинов, Душан Ристиќ, Алекса Аврамовиќ, Огњен Јарамаз, Дејан Давидовац и Урош Плавшиќ.

– Јокиќ имаше намера да игра во Париз, само сакаше доволно време за одмор од напорната сезона во НБА лигата. Му требаше мир и отиде со семејството и пријателите да се одмори. Тој го известил селекторот дека одлучил и оти сака да игра, пишува Информер.

Србија минатото лето го освои среброто на Светското првенство (СП), а во тимот го немаше Јокиќ, кој објасни дека му е потребен одмор по напорната НБА сезона, во која со Денвер нагетс ја освои титулата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО