Албанци провоцирале пред хотелот на Србија со двоглав орел и со гласна музика

Албанците што живеат во Аугсбург доаѓањето на српската репрезентација во тој град по повод Европското првенство (ЕП) го „поздравија“ со провокации, пишува српскиот „Блиц“ под наслов: „Скандал, а Европското не ни почна: Албанците провоцираа пред хотелот на српската репрезентација“.

Во текстот се вели: „Штом српските фудбалери пристигнаа во Германија, веќе го видовме првиот скандал. Се разбира, во режија на навивачите на Албанија, кои го расипаа доаѓањето на „орлите“ во Аугсбург.

Во градот што ќе биде дом на нашите играчи за време на ЕП, репрезентацијата беше пречекана пред хотелот од голем број наши луѓе, кои неколку часа го чекаа доаѓањето на своите миленици, но навивачите на Албанија се обидоа да расипат се’“, пишува „Блиц“.

Натаму се додава: „Навивачите на оваа земја, претежно оние кои живеат и работат во Германија, се возеа со автомобили пред хотелот во кој се сместени српските фудбалери, пуштајќи многу гласно албански песни и покажувајќи двоглав орел, за да ги испровоцираат нашите навивачи. За среќа, се’ мина без сериозни инциденти“, наведува „Блиц“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО