Челниците на НБА-лигата наскоро би можеле да воведат голема технолошка новина во судењето.
Комесарот Адам Силвер најави дека лигата работи на систем со вештачка интелигенција што би помогнал при носењето одлуки на теренот.
Темата повторно се отвори во финалето на Западната конференција меѓу Оклахома и Сан Антонио, каде што многу внимание привлекува играта на Шаи Гилџес-Александер.
МВП на НБА често е цел на критики поради начинот на кој изнудува фаули, а на еден од последните натпревари постигна 32 поени, од кои дури 16 од линијата за слободни фрлања.
Силвер призна дека има разлика меѓу паметното изнудување контакт и намерното симулирање.
– Судиите ја следат ситуацијата, но секогаш има простор за подобрување – изјави комесарот.