Баерн не му дозволува на Тел да настапи на ОИ?

Баерн Минхен нема да го пушти напаѓачот Матис Тел да настапи на Олимписките игри (ОИ) во Париз летово и за тоа ја известиле Француската фудбалска федерација (ФФФ) со образложение дека младиот играч им е потребен.

Селекторот на француската олимписка репрезентација, Тиери Анри го вклучи 19-годишниот Тел на проширениот список, и сега ја очекува конечната одлука на Баерн.

Новиот тренер на Баварците, Венсан Компани сака да го има на располагање Тел на летниот тренинг камп бидејќи планира на младиот фудбалер во новата сезона да му дава поголема минутажа.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ







НАЈНОВО