На завршниот турнир во Хамбург, Германија, се одиграа полуфиналните натпревари од ЕХФ Европската лига во кои победи забележаа екипите на Кил и Мелсунген.
Во првото полуфинале Кил со 29:28 го совлада Монпеље, додека во втората пресметка Мелсунген со 37:30 триумфираше над Фленсбург.
Кил со голот на Ерик Јохансон на 19 секунди пред крајот успеа да ја затресе противничката мрежа за победа. Токму Јохансон беше најефикасен со шест погодоци во својот тим, а за францускиот тим доминираше Давид Ромеу со осум голови.
Во победата на Мелсунген прв стрелец беше Даинис Кристопланс со девет голови, а блескаше и голманот Небјша Симиќ со 15 одбрани.
За поразените Емил Јакобсен реализираше седум голови, следен од Симон Питлик со шест.
Финалето меѓу Кил и Мелсунген е закажано за в недела од 18.00 часот.