Никола Ѓоргиев: Главна цел е опстанок во Златната лига во одбојка

Македонската одбојкарска репрезентација в петок ги почнува настапите во новото издание на Европската златна лига. Капитенот Никола Ѓоргиев, како и секогаш, оптимистички расположен, во разговорот за Спортско радио 90.3 фм ги кажа очекувања од настапите во ова натпреварување.

– Одигравме две контролни средби со Романија. Во првата беше одлично, но на втората поради некои повреди не бевме комплетни и загубивме. Од денеска почнува да се прави последната глазура на формата пред првите мечеви во Златната лига. Искрено се надевам дека ќе почнеме со добри резултати.

Златната лига отсекогаш била предизвик, за мене лично и за сите момци. Преку ова натпреварување може да се стекне драгоцено искуство, кое во тешките моменти во квалификациите може многу да ни помогне. Ова е нова генерација, нов почеток, почнуваме практично од нула. Ќе има тешки моменти, но се надевам дека ќе успееме да се избориме и токму преку Златната лига ќе пробаме да ги минеме тие детски болести.

Амбициите се да не бидеме последни и да не испаднеме од ова натпреварување. Си поставивме некоја цел да избориме три победи, но и со две победи мислам дека ќе биде добро. Наша главна цел секако се квалификациите за ЕП во август, потенцира Ѓоргиев, капитенот на македонската репрезентација.

Првиот меч од Златната лига Македонија ќе го игра против Естонија, в петок, во салата „Парк“ во Струмица, од 20.15 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО