НБА, плеј-оф: Јокиќ потпросечен, Минесота го растури Денвер нанесувајќи му рекорден пораз

Кошаркарите на Минесота тимбервулфс и на Денвер нагетс синоќа го одиграа шестиот натпревар од полуфиналната плеј-оф серија на Западот. Пред таа средба Денвер имаше предност од 3:2 и му беше потребна уште една победа за да се пласира во конференциското финале.

Но тимот на Никола Јокиќ, МВП играчот на сезоната, загуби убедливо, со 45 разлика, 70:115! Таа негатива од 45 поени е најголема во историјата на лигата, во плеј-офот кога станува звор за актуелен НБА шампион. Денвер го претрпе тој пораз, пред се’, благодарение на две лоши серии.

Во првата четвртина Минесота успеа да направи неверојатна серија од 20:0, а во последната четвртина резервните играчи на Вулфс имаа серија од 24:0. Најголемата разлика на мечот беше и 50 поени!

Ентони Едвардс, 22-годишната НБА ѕвезда и прв пик на Минесота на драфтот во 2020 година, ги предводеше Тимбервулфс и на овој натпревар. Тој беше најефикасен со 27 поени, плус по четири скока и асистенции, за помалку од 34 минути на паркетот.

Џејден МекДаниелс додаде 21 поен, Руди Гоберт и Карл-Ентони Таунс доминираа под обрачите со 14, односно 13 скока, како и Наз Рид кој додаде 11 скока, плус 10 поени.

Тоа беше премногу за трикратниот и актуелен МВП, Никола Јокиќ. Српскиот центар на Нагетс, беше запрен на 22 поени и девет скока, бројки под неговиот просек. Втор најдобар стрелец на Денвер, во натпреварот на кој шампионот погоди 7/36 тројки, а вкупно 26/86 удари од поле, беше Арон Гордон со 12 поени.

Решавачкиот. седми натпревар ќе се игра в недела во Денвер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО