МЛС објави податоци за платите на играчите од лигата, Меси е на чело на листата

Здружението на играчи на МЛС објави податоци за платите на играчите од лигата. Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси има најголема плата во лигата. Платата на аргентинскиот играч е 12 милиони долари годишно.

Топ 10 најплатени играчи:

1. Лионел Меси (Интер Мајами) – 12 милиони долари

2. Серхио Бускетс (Интер Мајами) – 8,5 милиони долари

3. Лоренцо Инсиње (Торонто) – 7,5 милиони долари

4. Џердан Шаќири (Чикаго) – 7,35 милиони долари

5. Емил Форсберг (Њујорк Ред Булс) – 5,4 милиони долари

6. Хектор Ерера (Хјустон Динамо) – 4,75 милиони долари

7. Себастијан Дриуси (Остин) – 4,5 милиони долари

8. Кристијан Бентеке (Ди Си Јунајтед) – 4,25 милиони долари

9. Карлес Гил (Њу Енгланд) – 4 милиони долари

10. Хани Мухтар (Нешвил) – 3,8 милиони долари.

Исто така е јасно дека Меси е лидер и меѓу сите играчи во лигата по просечно гарантирано обештетување. Просечниот годишен гарантиран надоместок вклучува плата и сите загарантирани бонуси, чиј износ е поделен со времетраењето на договорот. Се земаат предвид и сите плаќања поврзани со маркетинг и одбитоци на агенти.

Топ 10 играчи по просечно гарантирано обештетување:

1. Лионел Меси (Интер Мајами) – 20 милиони долари

2. Лоренцо Инсиње (Торонто) – 15,4 милиони долари

3. Серхио Бускетс (Интер Мајами) – 8,8 милиони долари

4. Шердан Шаќири (Чикаго ) – 8,15 милиони долари

5. Себастијан Дриуси (Остин) – 6,7 милиони долари

6. Федерико Бернардески (Торонто) – 6,3 милиони долари

7. Емил Форсберг (Њујорк Ред Булс) – 6 милиони долари

8. Хектор Херера (Хјустон Динамо) – 5,25 милиони долари

9. Хани Мухтар (Нешвил) – 5,2 милиони долари

10. Карлес Гил (Њу Енгланд) – 4,45 милиони долари.

Да потсетиме дека Меси минатото лето дојде во Интер Мајами. Во овој период на сите турнири учествуваше на 26 натпревари на кои постигна 23 гола и 16 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО