Чави: Сакам да бидеме посилни следната година, целиме кон врвот

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез имаше што да им каже на своите играчи по победата над Алмерија (2:0). Тој ги коментираше и информациите дека дел од раководството на клубот инсистира на негов отказ по завршувањето на сезоната.

– Противникот создаде неколку чисти шанси, удари и погоди греда. Не бевме доволно наметливи. Доминиравме и се чувствувавме удобно на теренот, но требаше порано да постигнеме втор гол. Нашата победа е заслужена и доброто е што ни овозможува да се доближиме до минималната цел, второто место во конечниот пласман, изјави Чави.

– Торес ми се допадна уште пред 2,5 години. Сега е позрел и подготвен да се бори за своето место. Тој уште долго ќе биде дел од Барселона, изјави Чави за стрелецот на двата гола за Барса.

-Не ми е лесно на мене и на играчите во овој период. Сакаме да освојуваме трофеи. Имаме многу добар состав, може да се види посветеноста и професионалниот однос на играчите. Задоволен сум од нивното ангажирање. Пред само еден ден искоментирав дека финансиската состојба на клубот не цвета.

Ја разбирам целата мешаница, но на мојата работа пристапувам со голем ентузијазам и заедно со Деко и Жоан Лапорта планираме што да подобриме. Сакам да бидеме поконкурентни следната сезона. Целиме да бидеме на врвот, заврши Чави.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО