НБА лига: Вембањама постави нов рекорд

Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, на мечот со Далас маверикс (109:113) мина на теренот 32 минути, постигнувајќи 12 поени (3/13 од поле), плус 11 скока, шест блокади, три асистенции и една украдена топка.

Показателот плус-минус на францускиот центар на крајот од средбата беше „+5“ но, недоволно да се избегне поразот.

Сепак, 20-годишниот дебитант во НБА лигата, со тој ефект го мина Шекил О‘Нил и се најде на првото место според бројот на натпревари на кои забележал најмалку пет блокади за играчи до 21 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО