Гвардиола по петти пат менаџер на сезоната во Премиер лигата

Пеп Гвардиола ја доби наградата за најдобар менаџер/тренер во англиската Премиер лига, беше објавено на официјалната интернет страница. За Гвардиола тоа е петта награда за најдобар тренер, а доаѓа по освојувањето на четвртата последователна шампионска титула со Манчестер сити, што е  рекорд во Премиер лигата.

Шпанецот изјави дека и следната сезона ќе ја брани титулата најдобар тренер. Само Алекс Фергусон на чело на Манчестер јунајтед, има повеќе вакви награди од Гвардиола – дури 11.

– Сакам да ја поделам оваа награда, најмногу со Микел Артета, кој заврши одлична работа со Арсенал, до последниот натпревар. Тој навистина не’ турна да ги тестираме нашите граници. Секако, тука е и Јирген Клоп од Ливерпул, со кој имав многу битки за паметење. Унаи Емери направи големи работи со Астон вила, како и Андони Ираола со Борнмут, во првата сезона во Премиер лигата, изјави Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО