Ден Ндоје, напаѓачот на Болоња и швајцарски репрезентативец, важеше за речиси сигурно засилување на Наполи изминативе петнаесетина дена. Но, додека „наполитанците“ се фокусираа на ангажман на играчи за други позиции, Ндоје ја смени својата одлука и ја прифати понудата од Нотингем Форест.
Англискиот премиерлигаш беше во потрага по соодветна замена за Еланга, кој се пресели во Њукасл, и изборот падна токму врз Ндоје. За разлика од Наполи, чии преговори со Болоња запнаа, раководството на Нотингем експресно го реши трансферот, нудејќи 40 милиони евра плус дополнителни 5 милиони во форма на бонуси.
Договорот меѓу клубовите е веќе постигнат, а фудбалерот доби зелено светло да отпатува за Англија, каде ќе ги мине медицинските прегледи и ќе потпише договор со новиот клуб.
Од друга страна, Наполи и тренерот Антонио Конте сега погледите ги насочуваат кон Премиер-лигата. Нови потенцијални засилувања за „сино-белите“ се Федерико Киеза и Рахим Стерлинг.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: