Атанасов потпиша за Актобе

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов е нов фудбалер на Актобе, објави синоќа казахстанскиот клуб.

Дваесетишестгодишниот Атанасов доаѓа во редовите на Актобе од кипарски АЕЛ за кој изминатата сезона одигра 35 натпревари, постигнувајќи два гола.

Кариерата ја почна во Академија Пандев, по што настапуваше за Бурсаспор, Хајдук и Краковија.

Атанасов е стандарден во средниот ред во македонската репрезентација за која од дебито во 2021 година одигра 22 натпревари и постигна три голови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО