Родриго доби понуда од Премиер лигата, Реал Мадрид ја прифаќа – играчот не сака ниту да слушне

Фактот што Родриго беше дел од клупата на сите натпревари на Реал Мадрид на Светското клупско првенство испрати јасна порака – тој не се вклопува во визијата на новиот тренер, Чаби Алонсо.

Бразилецот добил конкретна насока дека летово мора да ја напушти екипата. „Кралевите“ за неговиот трансфер бараат 100 милиони евра, но Родриго нема намера да премине било каде – туку само во клуб што ќе ги исполни неговите амбиции за освојување трофеи.

Токму поради тоа, напаѓачот веднаш ја одбил првата понуда од Премиер-лигата – од Тотенхем. Лондонскиот клуб посакувал токму тој да биде новата ѕвезда на тимот, дури побарале дозвола од Реал да стапат во директен контакт со играчот, но добиле „ладен туш“ – Родриго им порачил дека не е заинтересиран.

Според неофицијални информации, неговата желба е да се пресели во Ливерпул. Сепак, не е сигурно дали тоа ќе се реализира, имајќи предвид дека „црвените“ веќе го ангажираа Иго Екитике, а наскоро се очекува и трансферот на Александер Исак.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО