МЗТ Скопје го победи Пелистер и дојде до предност од 2:0 во финалето

Кошаркарите на МЗТ Скопје поведоа со 2:0 во победи против Пелистер во финалето од плејофот во битката за титулата во македонскиот шампионат. Актуелниот шампион беше подобар и на вториот натпревар кој го играа пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“, победија со 80:75 и дојдоа на само еден триумф од одбрана на титулата.

Гостите од Битола одлично го започнаа натпреварот, имаа водство од дури 14 поени во првата четвртина, но Металците успеаја да го намалат водството до крајот на првиот период , а со многу подобра игра во втората четвртина да аминат на одмор со предност од плус три (46:43).

Во третата четвртина, МЗТ Скопје дојде и до двоцифрена предност, но кошаркарите на Пелистер не се предадоа и во финишот, на три и пол минути до крајот намалија на 76:73. Сепак во финишот домашната екипа не дозволи изненадување и дојде до предност која им гарантираше победа.

Танасковиќ со 16 поени и 12 скока беше најдобар кај МЗТ Скопје, додека Делалиќ постигна 15 поени. Кај Пелистер најефикасен беше Костоски со 17 поени.

Следниот натпревар од финалната серија ќе се игра в сабота во Битола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО