Маурисио Покетино повеќе не е тренер на Челси

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челси, официјално потврдија од лондонскиот клуб. Аргентинскиот стручњак го напушта клубот со заедничка согласност.

Покетино, 52-годишниот стручњак, кој беше на чело на лондончани нешто повеќе од една година, се сретнал со раководството на Челси и  дошле до заклучок дека треба да се разделат. Клубот и тренерот се договориле за раскин на договорот, а „сините“ сега ќе бараат млад тренер кој ќе може да ги развие младите играчи во тимот.

Под водство на Аргентинецот, Челси заврши на шестото место во Премиер лигата и обезбеди учество во Лигата на конференции (ЛК). Но Челси би можел да настапи во Лига Европа (ЛЕ) доколку Манчестер сити го победи Манчестер јунајтед во финалето на ФА купот во сабота.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО