Македонија У19 убедливо поразена од Црна Гора во пријателски натпревар

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години го одигра првиот од двата пријателски натпревари против Црна Гора и доживеа убедлив пораз со 1:5.

Натреварот кој се оидгра на ТЦ „Петар Милошевски“ при ФФМ го добија гостите, а нашиот национален тим кој е предводен од селекторот Вујадин Станојковиќ не беше конкурентен.

Првиот гол беше постигнат во 16. минута кога Црна Гора поведе преку Мараш, а потоа Ѓукановиќ зголеми на 0:2. Третиот гол беше дело на Марко Петровиќ. Пред крајот на првиот дел, за Македонија погоди Андреј Велков и намали на 1:3), но Петровиќ и Ајетовиќ со автогол го поставија конечниот резултат.

Следниот пријателски натпревар овие две репрезентации ќе го одиграат за два дена, в четврток со почеток во 17 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО