Листата на Форбс: Роналдо најмногу заработува, неочекувано име на втората позиција

Според магазинот „Форбс“, најплатен спортист во светот е Кристијано Роналдо.

Овогодинешната листа на Форбс е спцифична по тоа што во топ10 табелата, секој спортист е тежок над 100 милиони долари.

Вкупно, првите десетмина, заработуваат неверојатно 1,38 милијарди долари што е нестварна цифра.

Роналдо заработува 260 милиони, го следи голферот Јон Рам со 218 милиони долари. Трет на таа листа е Лео Меси со 135 милиони, додека на четвртата позиција е Леброн Џејмс со 128,2 милиони долари.

Следуваат Јанис Адетокумбо на 5. позиција со заработка од 111. милиони евра, па Килиан Мбапе со 110 милиони долари, Нејмар со 108, Бензема со 106 милиони, Стеф Кари со 102 милиони и Ламар Џексон со 100,5 милиони долари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО