Младинците поразени од Хрватска во контролен натпревар

Младинската ракометна репрезентација на Македонија загуби на вториот пријателски (контролен) натпревар против Хрватска со 34:28.

Хрватите имаа предност од 16:13 по првиот дел, но Македонија успеа во текот на вториот дел да дојде до израмнување на 19:19. Но нашите ракометари попуштија во финишот, гостите знаеја да го казнат тоа и на крајот да дојдат до победа

Во редовите на нашата репрезентација најефикасне беше Димитар Узунчев со 11, а Дејан Михајловиќ постигна осум. Овој двомеч беше дел од подготовките пред летниот настап на Европското првенство во Словенија, каде Македонија за ривали ќе ги има токму Хрватска со која играше деновива, но и Црна Гора и Австрија, а во мај ќе има уште две тест средби против селекцијата на Чешка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО