Мишовска освои сребро на ЕП во карате во Задар

Михаела Мишовска го освои сребрениот медал на Европското првенство во карате кое викендов завршува во Задар, Хрватска. Нашата каратистка денеска во финалето до 50 килограми загуби од домашната натпреварувачка Сгардели на поени со 0:8. И покрај поразот, Мишовска го забележа најголемиот успех во кариерата освојувајќи го сребрениот медал.

Петар Заборски кој денеска се бореше за бронза, на крајот заврши како петтопласиран во својата категорија. Во борбата за медал Заборски беше поразен од Дуарте од Португалија.

На ова ЕП македонските ката тимови и во двете конкуренции го освоија 7. место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО