Миовски номиниран за „играч на годината“ во Шкотска

Македонскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Абердин, Бојан Миовски, е во потесниот круг на четворица кандидати за признанието „фудбалер на годината“ што го доделува Шкотската асоцијација на фудбалски новинари.

Покрај Миовски (24), кој сезонава постигна 25 гола во сите натпреварувања, на листата се Џек Батланд (Ренџерс), Мет О’Рајли (Селтик) и Лоренс Шенкланд (Хартс). Добитникот на ласкавото призние ќе биде објавен пред годишната вечер на доделување на наградите на 19 мај.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО