Џордан заплакал при отворањето клиника за лица без медицинско осигурување

Легендарниот кошаркар, Мајкл Џордан отворил клиника во родниот град Вилмингтон, Северна Каролина. Колку му било емотивно отворањето на клиниката, покажува и тоа дека 61-годишниот Џордан заплакал за време на говорот на отворањето.

Донацијата од 10 милиони долари на Џордан за „Новант Хелт“ овозможи изградба на две дополнителни клиники за семејна медицина во Шарлот, а славниот кошаркар истакнал дека е особено среќен што такво нешто се случило и во родниот град.

„Ова зад мене, тоа е дома“, рекол Џордан додека покажувал зад него, кон улицата во Вилмингтон.

На клиниката ќе се лекуваат лица кои не се осигурени и немаат доволно пари за здравствени услуги. „Уверен сум дека  „Новант Хелт“ позитивно ќе влијае на поединците и на семејствата во Вилмингтон“, истакнал Џордан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО