Ливерпул ја одреди цената за најскапиот играч во клупската историја

Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул со тоа што на Инстаграм ги избриша сите фотографии во дресот на „црвените“. Многумина се прашуваа што значи тој потег и дали е показател за заминување на 24-годишниот уругвајски напаѓач од „Енфилд“.

Според шпанските медиуми, тоа би можело да се случи летово. Тие пишуваат дека агентот на Нуњез е во добри односи со Барселона и оти ја разгледува опцијата за заминувањето на напаѓачот од Ливерпул. Наводно Ливерпул е свесен за ситуацијата и одредил минимална цена за која би бил подготвен да го пушти Нуњез.

Дарвин има договор со Ливерпул до летото 2028 година. Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра. Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги има со продажба на некои играчи во летниот преоден рок.

Нуњез пристигна во Ливерпул во трансфер вреден 85 милиони евра. Ниту еден играч не бил платен повеќе на „Енфилд“, доколку во тој трансфер се вклучат и бонусите, по што Бенфика, од која тој пристигна, може да заработи 100 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО