Министерот за спорт Борко Ристовски денес го отвори 48-миот Меѓународен Традиционален Турнир во борење слободен стил “Македонски бисер 2024”

Министерот за спорт Борко Ристовски денес присуствуваше на отворањето на 48-миот Меѓународен Традиционален Турнир во борење слободен стил “Македонски бисер 2024” во Кочани.

На свеченото отворање тој го истакна следното:
– Со голема чест и задоволство, го отворив 48-миот Меѓународен Традиционален Турнир во борење слободен стил „Македонски бисер 2024“ во Кочани.

Овој турнир има големо значење за промоцијата на спортот и поддршката на младите таленти во нашата земја.

Голема благодарност кон сите учесници, организатори и поддржувачи кои го прават овој настан возможен.

– Македонски бисер 2024“ ќе биде платформа за најдобрите борачи од целиот свет, кои со страст и посветеност ќе се натпреваруваат на оваа престижна сцена.

Нека победи најдобриот!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО