Мексико без Гиљермо Очоа и Ирвинг Лозано на Копа Америка

Ветеранот на голот на репрезентацијата на Мексико, Гиљермо Очоа и напаѓачот Ирвинг Лозано не се најдоа во списокот на репрезентативци кои ќе го претставуваат Мексико за претстојното 48. издание на Копа Америка. Селекторот на „Ацтеките“, Хаиме Лозано ја објасни својата одлука како желба за промена на генерациите.

 

Во оваа линија на размислување, тој вклучи десет играчи од тимот до 23 години во прелиминарниот состав од 31 играч. Лозано исто така додаде дека неговата желба е да го искористи овој турнир за да изгради тим за Светското првенство во 2026 година, на кое Мексико е ко-домаќин со САД и Канада.

„Сакаме да имаме силен тим кој игра динамичен фудбал. Важно е да изградиме тим кој ќе настапи на високо ниво на Светските првенства во 2026 и 203 година“, изјави Лозано на прес-конференција во Мексико Сити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО