УЕФА ќе го казни судијата кој Баерн го чинеше испаѓање од ЛШ

Полскиот судија Шимон Марчинијак, кој во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите го оштети Баерн во судиското продолжение против Реал Мадрид, требаше да биде еден од клучните судии на УЕФА на претстојното Европско првенство, но поради оваа грешка го загуби тој статус, пишува „Дејли Мирор“.

Марчинијак, длабоко во судиското надополнување, ја прекина акцијата од која Де Лигт погоди за израмнување, со што натпреварот ќе влезеше во продолженија, иако протоколот предвидува дека линискиот судија треба да пушти акцијата да заврши, а потоа, доколку биде постигнат гол, ВАР собата да пресуди дали имало офсајд.

Судијата овде не го направи тоа и затоа играчите на Баерн и тренерот Томас Тухел целосно ги загубија нервите, а УЕФА е незадоволна и од одлуката на Марчинијак и неговиот помошник Томаш Лискиевич и им подготвува санкции.

Марчинијак судеше неколку големи натпревари, меѓу кои и финалето на Светското првенство во Катар, а тој требаше да го суди и воведниот натпревар на ЕП меѓу домаќинот Германија и Шкотска.

Според „Дејли Мирор“, УЕФА ќе му ја одземе таа чест.

Нејасно е дали казната ќе трае во текот на целото Европско првенство или Марчинијак ќе добие шанса во подоцнежна фаза од натпреварувањето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО