Матераци ја открива вистината за инцидентот со Зидан: После тие зборови, тој реши така да реагира..

Легендарниот италијански фудбалер Марко Матераци, после скоро 18 години, открива што точно му рекол на Зинедин Зидан на Светското првенство 2006 година.

Тој момент беше сенкана финалето кое се играше на Олимпискиот стадион во Берлин.

Таа година Италијаните на крајот успеаја да дојдат до титлата светски шампион по подоброто изведвање на пеналите.

– Не ми се допаѓа тоа што се случи, не беше праведно. Таа епизода никогаш не смееше да се случи. Во жарот на тоа финале, меѓу предизвиците и навредите, Зидан ми го понуди дресот. Одбив и му реков дека со задоволство пред тоа би ја прифатил неговата сестра. Тогаш се случи тоа што се случи, од тогаш немам го видено Зидан, порача Матераци.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО