Сите ја знаат главната цел на Синер, а сега и тој го откри тоа

Италијанскиот тенисер посакува силно да дојде до првото место на АТП ранг листата, а со актуелната форма и не би било изненадување доколку тоа наскоро го оствари.

Откако го освои мастерс турнирот во Мајами, неговата мотивација е се поголема да го сруши Новак Ѓоковиќ од тронот, а следна цел е Ролан Гарос.

– Сега главна цел ми е Ролан Гарос, веднаш по Мајами почнувам да размислувам за Монте Карло, кој ќе биде мој прв турнир на земја. Немам многу време за адаптација, немам ни една недела. Ќе видиме како ќе биде таму. Пред Ролан Гарос е и Рим, а тоа е посебен турнир за мене. Секогаш е неверојатно да се игра пред домашната публика.

– Мислам дека многу напредував последните години и дека можам уште пдобро. Тоа што го победував Ѓоковиќ два пати во завршницата од сезоната е доста важно за мене. Кога добивате тенисер каков што е Ѓоковиќ, тогаш самодовербата ви се зголемува, порача Јаник Синер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО