Седлоски повеќе не е тренер на Работнички

Прволигашот Работнички утрово информираше дека спогодбено се разделил со досегашниот шеф на Стручниот штаб, Гоце Седлоски. Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски. Работнички моментално е шести на табелата со 24 бода.

Од клубот им се заблагодаруваат за посветеноста и професионалноста и им посакуваат сѐ најдобро во натамошните кариери. Во текот на денот од клубот најавија дека ќе биде познато и новото тренерско решение за „Херојот од Дебар Маало“.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО